Катедра

Италијански јазик и книжевност

Катедрата, самостојна од 2010 година, реализира студии по италијански јазик и книжевност на три циклуси и образува наставници, преведувачи и толкувачи.

Италијанскиот јазик се изучува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од 1959 год., најнапред во рамки на Катедрата за романски јазици и книжевности, а од 2010 год. на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Катедрата нуди студиски програми за додипломски, постипломски и докторски студии. На Катедрата досега има преку 800 дипломирани преведувачи/толкувачи и наставници по италијански јазик.

Покрај наставната дејност, Катедрата активно учествува во научно-истражувачката дејност на Факултетот преку организирање на научни собири и семинари, објавување монографии, учество во меѓународни и национални проекти и организирање на предавања на еминентни визитинг професори. Катедрата организира, исто така, активности со студентитите (превдувачки работилници, театарски претстави и сл.). Катедрата активно придонесува за ширење на италијанскиот јазик и култура во РМ и соработува со Италијанската амбасада во Скопје, Институтот Данте Алигиери во Скопје и голем број на странски универзитети. На Катедрата работат осум наставници, два надворешни соработника и еден лектор од Италија.

Студиски програми – прв циклус

Преглед на студиските програми на Катедрата. Изберете програма за целосната наставна структура и официјалните документи.

Библиотека

Библиотеката на Катедрата за италијански јазик и книжевност обезбедува стручна литература и извори за наставната, научната и истражувачката работа во областа на италијанскиот јазик, книжевност, лингвистика, преведување и италијанистика.

Библиотекар

Ванкица Кочоска