Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје врши проверка на знаењето на следниве јазици:
- македонски
- албански
- турски
- англиски
- германски
- италијански
- француски
- словенечки
- хрватски
- шпански
- други јазици
Видови проверка на знаењето
Уверение без наведено рамниште
Проверката на знаењето за уверение за познавање на македонскиот јазик (без наведено рамниште) и за уверение за познавање странски јазик (без наведено рамниште) се изведува преку устен испит.
Износот за изведување на оваа проверка е 2.200 денари.
Напомена за ТЕМАК
За странските државјани заинтересирани за упис на прв циклус студии на УКИМ се бара положен тест ТЕМАК, односно сертификат за познавање на македонскиот јазик како странски.
Уверение со ниво според ЗЕРРЈ
Проверката на знаењето за уверение за одредување на нивото на познавање на странскиот јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазиците на Советот на Европа (ЗЕРРЈ) се изведува преку писмен и устен испит.
- Писмениот испит трае еден час.
- Писмениот испит се состои од граматички дел, читање и пишување кус есеј.
- Усниот испит е индивидуален разговор со испитувачот.
- Според резултатите од испитот се одредува нивото на познавање на англискиот јазик од А2 до Ц2.
Износот за изведување на оваа проверка е 3.000 денари.
Покрај износот за проверката на знаењето, кандидатите треба да достават потврда за уплата и на 50 денари административна такса.
Уплата
Важно
Уплатата треба да ја извршите пред да се пријавите на наведениот линк, бидејќи уплатниците треба да ги прикачите на линкот. Оригинал уплатниците треба да ги доставите на професорот на денот на полагањето.
Уплатницата важи само за пријавениот термин.
Заинтересираните кандидати бираат кој од понудените термини за испитување им одговара најмногу и се пријавуваат електронски најдоцна до рокот предвиден за пријавување за тој термин. Пријавите пристигнати по овој рок ќе важат за следниот термин за испитување.
Термини во септември 2026
| Пријавување | Полагање |
|---|---|
| 20.9 | 22.9 |
| 23.9 | 25.9 |
| 27.9 | 29.9 |
Термини во октомври 2026
| Пријавување | Полагање |
|---|---|
| 30.09. | 2.10. |
| 4.10. | 6.10. |
| 7.10. | 9.10. |
| 11.10. | 13.10. |
| 14.10. | 16.10. |
| 18.10. | 20.10. |
| 25.10. | 27.10. |
| 28.10. | 30.10 |
Термини во ноември 2026
| Пријавување | Полагање |
|---|---|
| 01.11 | 03.11 |
| 04.11 | 06.11 |
| 08.11 | 10.11 |
| 11.11 | 13.11 |
| 15.11 | 17.11 |
| 18.11 | 20.11 |
| 22.11 | 24.11 |
| 25.11 | 27.11 |
| 29.11 | 01.12 |
Словенечки јазик
Наведените термини не важат за полагање на испитот по словенечки јазик. За овој испит има еден термин во месецот. Истиот ќе може да го најдете на линкот подолу.
Во месеците јули и август нема да има организирани термини за полагање на испитот по словенечки јазик.
Пријавување и издавање на уверението
Пријавувањето се врши со мејл на gmail.com и со пополнување на електронската пријава.
- На денот на полагањето кандидатите задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
- Уверението за извршената проверка се издава во рок од два работни дена по испитувањето, а се подига во Архивата на Факултетот од 14 до 15 часот.
- Уверението има важност една година.
- Кандидатите кои не го положиле тестот или не го освоиле нивото кое им е потребно за учество на конкурс и слично, можат повторно да го полагаат тестот по изминати 4 месеци.
За сите прашања и дополнителни информации обратете се на следната мејл адреса: uvereniejazik@flf.ukim.edu.mk