Факултет

CILS / DITALS

CILS – CERTIFICAZIONE DI ITALIANO COME LINGUA STRANIERA

Сертификат за познавање италијански како странски јазик.

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје е седиште за изведување испити за сертификатот за познавање на италијанскиот како странски јазик CILS за сите нивоа: CILS A1 e A2, CILS UNO – B1, CILS B1 – Adolescenti, CILS B1 – Cittadinanza, CILS DUE – B2, CILS TRE – C1, CILS QUATTRO – C2.

Испитите се организираат во соработка со Универзитетот за странци во Сиена двапати годишно, во декември и во мај/јуни.

Зошто да полагате CILS?

  • За вработување во Италија.
  • За добивање италијанско државјанство (ниво B1).
  • За упис на италијанските универзитети (ниво B2).
  • За предавање на италијанскиот како странски јазик надвор од Италија (QUATTRO – C2).

Организација на испитот

Испитите се спроведуваат со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет.

Валидноста на сертификатите CILS не е временски ограничена.

Пријавувањето завршува 40 дена пред датумот на полагање на испитот.

DITALS – CERTIFICAZIONE IN DIDATTICA DELL’ITALIANO COME LINGUA STRANIERA

Сертификат за држење настава по италијански како странски јазик.

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје е седиште за изведување испити за сертификатот ДИТАЛС, со кој се потврдува поседување теориски и практични знаења од областа на наставата по италијанскиот како странски јазик. Сертификатот го издава Универзитетот за странци од Сиена и може да биде корисен при аплицирање за работа како професор по италијански јазик.

Испитите се состојат од анализа на дидактички материјали, анализа и дидактичко искористување на текст и делови за оценување на знаења од областа на методиката на наставата по италијански јазик.

Испитите за сите нивоа на ДИТАЛС – ДИТАЛС основно ниво, ДИТАЛС I ниво, ДИТАЛС II ниво и ДИТАЛС digitale – се спроведуваат со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Информации за полагање

НастанДатум
Пријавувањето трае до23 октомври 2025 година
Испитите ќе се одржат на4 декември 2025 година