Актуелен упис 2026/2027
Официјалните огласи за запишување странски студенти во учебната 2026/2027 година се достапни на македонски, турски и англиски јазик.
Програми
Македонски јазик за странци
Едногодишната кратка стручна студиска програма е наменета за странски студенти кои ќе следат студиска програма од прв циклус на македонски јазик. Програмата трае два семестра, носи 60 ЕКТС-кредити и завршува со сертификат.
| Времетраење | ЕКТС | Јазик на настава | Квалификација |
|---|---|---|---|
| 2 семестра | 60 (30 зимски + 30 летен) | Македонски јазик | Сертификат |
Англиски јазик за странски студенти
Едногодишната кратка стручна студиска програма е наменета за странски студенти кои ќе следат студиска програма од прв циклус на англиски јазик. Програмата трае два семестра, носи 60 ЕКТС-кредити и завршува со сертификат.
| Времетраење | ЕКТС | Јазик на настава | Квалификација |
|---|---|---|---|
| 2 семестра | 60 (30 зимски + 30 летен) | Англиски јазик | Сертификат |
Организација на наставата
Наставата се организира во зимски и летен семестар, а проверката на знаењата се врши континуирано во текот на наставата.
Учебна 2026/2027
Зимскиот семестар трае од 1 октомври 2026 до 12 јануари 2027, а летниот семестар од 16 февруари 2027 до 30 мај 2027.
Упис во втор семестар и плаќање
Документите со практични информации за упис во втор семестар и плаќање се достапни на македонски, турски и англиски јазик.
Архива
Претходните огласи и известувања се достапни во архивата на кратките студиски програми.