Студенти

Студентски конференции

„Како си ми?“ е студентска филолошка конференција организирана од студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Идејата на конференцијата е да го поттикне интересот на студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на теми што ги интересираат во текот на студиите. На студентите им се дава можност своите академски интереси да ги претстават пред колеги, професори и други љубители на филологијата.

Иницијативата започнала во февруари 2015 година и прераснала во традиционален настан на кој учествуваат студенти од Филолошкиот факултет, од други факултети во земјата и од странство. По излагањата се развиваат дискусии на актуелни теми од различни области на филологијата.

Организацискиот тим работи волонтерски и организира и придружни активности, предавања, работилници и неформални дружења.

Изданија на „Како си ми?“

7 ноември 2026 година

Конференцијата ќе се одржи во сабота, 7 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во живо на кампусот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

За излагачите од странство кои не се во можност физички да присуствуваат е предвидена можност за онлајн учество преку Zoom.

Кој може да учествува

  • студенти на прв циклус студии
  • студенти на втор циклус студии
  • студенти од универзитети во Република Северна Македонија и од странство
  • дипломирани и магистрирани студенти во тековната 2025/2026 студиска година

Формат

Поединечно или групно излагање со траење од 10 минути.

Теми

Филологија, лингвистика, книжевност, култура, методика, филозофија, преведување и толкување, како и споредбени, интермедијални и интердисциплинарни теми.

Работни јазици

Македонски и англиски јазик.

Рокови

  • Рок за пријавување: 26 октомври 2026 година во 00:00 часот
  • Известување за прифатени апстракти: 31 октомври 2026 година
  • Рок за испраќање на текстовите: 31 јануари 2027 година

За пријавување се испраќаат лични податоци за сите учесници, тема и јазик на излагање и апстракт од 150 до 200 зборови на kakosimi.flf@gmail.com, во приложен Microsoft Word документ.

Важно

Трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците.

Во одредени случаи може да се обезбеди ограничен број места за сместување, за што е потребно навремено известување при пријавувањето.

Контакт и следење

Поврзани студентски иницијативи

Други студентски конференции