Електронско бирање предмети во iKnow
| Втора година | Трета година | Четврта година и повеќе |
|---|---|---|
| до 24.9.2026 | до 28.9.2026 | до 30.9.2026 |
Ве молиме по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.
Поднесување документи
Поднесувањето на документите во Одделението за студентски прашања се врши со задолжително електронски избрани предмети.
- Втора година – 23.9. – 24.9.2026
- Трета година – 25.9. – 28.9.2026
- Четврта година и повеќе – до 30.9.2026
Работно време со студенти во наведениот период: 8:30 – 15:30 часот.
Пауза: 10:00 – 10:30 часот.
Ве молиме за задолжително почитување на термините по студиски години. По истекот на последниот рок запишувањето се смета за задоцнето.
Потребни документи
- Пополнет индекс во кој се запишани претходно избраните предмети согласно упатството во Прилог 2. Предметите кои ќе ги запишувате во зимскиот семестар 2026/2027 задолжително претходно треба да ги изберете во iKnow.
- Уплатница за платена партиципација/школарина, со износ пресметан според бројот на кредити што ги запишува студентот, согласно упатството во Прилог 1. Освен износот на ЕКТС-кредитите, студентите не треба да плаќаат за запишување на предмет по вторпат/третпат.
- Уплатница во износ од 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака: ИКСА на УКИМ – Филолошки факултет „Блаже Конески“. Жиро-сметка: 100000000063095. Депонент: НБРСМ. Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18. Приходна шифра: 723012. Програма: 41.
- Потврда за уплата на 2.000 денари за материјални ресурси за реализација на студиските програми. Назив на примачот: Буџет на РСМ – Филолошки факултет „Блаже Конески“. Банка на примачот: НБРСМ. Сметка: 100000000063095. Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10. Приходна шифра: 723012. Програма: 41.
- Потврда за уплата на 100 денари за е-обрасци за заверка на летен семестар 2025/2026 и запишување на зимски семестар 2026/2027. Жиро-сметка: 100000000063095. Депонент: НБРСМ. Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18. Приходна шифра: 723019. Програма: 41. Цел на дознака: обрасци за запишување и заверка на семестар за Филолошки факултет.
- Статистички образец ВОИ.20.
Статистички образец ВОИ.20
- ВОИ.20 се пополнува електронски.
- За услугата студентот треба да има активен кориснички профил на „НИСКО НИВО“.
- По успешно поднесување системот издава:
- генериран образец
- потврда за успешно доставен образец
- Потврдата треба да се достави до Факултетот при уписот за академската 2026/2027 година.
- При изборот на степен на студии се избира: „Академски универзитетски студии“.
- Ако новозапишан студент сè уште нема број на индекс, во полето за број на индекс внесува 0000.
- По успешно поднесување треба да се испечатат и достават: Потврдата за барање и Излезниот документ.
- Излезниот документ може да не биде достапен веднаш; во тој случај се чека неколку минути и се освежува страницата.
- Неисполнувањето на оваа обврска значи неможност за запишување на зимскиот семестар.
- Првата регистрација во УЈП потоа треба лично да се одобри во канцеларија на УЈП.
- Заборавена лозинка за УЈП може да се обнови преку е-УЈП ако студентот има пристап до регистрираната е-адреса.
- Ако uslugi.gov.mk го прикажува профилот како „ОСНОВНО НИВО“, студентот треба да се обрати во канцеларија на УЈП за промена во „НИСКО НИВО“.
Начини на плаќање
Сите потребни уплати за заверка и запишување на семестар може да се уплатат:
- електронски преку iKnow-системот, по валидација на запишаните предмети од страна на Одделението за студентски прашања
- со вирман ПП50 во банка, пошта или преку електронско банкарство, со доставување потврда за уплатата
Важни напомени
- Согласно Правилата за студирање на студиските програми на прв циклус универзитетски студии на Филолошкиот факултет кој гласи „студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во период што е два пати подолго (4+4 години) од пропишаното траење на студиите“.
- Студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) го губат статусот на студент запишан во квота со партиципација и ги продолжува студиите во квота со школарина ако: еден предмет запишува по трет пат; не освоил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен (зимски, односно летен) семестар; доколку прекинот на студиите трае 3 (три) и повеќе последователни семестри.
- Студентите коишто го положиле последниот испит од студиската програма и им е останата само одбраната на дипломската работа треба веднаш по положувањето на последниот испит да го достават индексот во Одделението за студентски прашања за проверка на студентското досие и исполнетоста на условите за одбрана на дипломската работа.
- Студентите кои ја имаат запишано дипломска работа во летниот семестар и на кои рокот за изработка односно одбрана на дипломската работа го преминува рокот за запишување на зимскиот семестар вршат запишување на зимскиот семестар со уписен лист и лист за заверка на семестар и уплата од 1000 денари. Оние студенти на кои дипломската работа им останува како обврска во зимскиот семестар должни се да ја запишат, односно презапишат со подмирување на трошоците за дипломската работа.
- Студентите запишани во академската 2019/2020 должни се да ги завршат своите обврски согласно студиската програма до 30.9.2027 година во спротивно преминуваат по активните студиски програми.