ЗА ФАКУЛТЕТОТ

Блаже Конески

Основоположник на македонистиката и на македонската филологија, лингвист, професор, поет, прозаист, есеист и преведувач.

Живот и дело

Блаже Конески (Небрегово, 1921 – Скопје, 1993) е еден од основоположниците на македонистиката и македонската филологија и учесник во кодификацијата на современиот македонски литературен јазик.

Бил истакнат професор, лингвист, литературен историчар, поет, прозаист, есеист, публицист и преведувач. Учествувал во втемелувањето на низа стожерни образовни и културно-уметнички институции, здруженија и манифестации.

Институционално наследство

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

    Ректор, 1958–1963

  2. Македонска академија на науките и уметностите

    Прв претседател, 1967–1975

  3. Друштво на писателите на Македонија

    Прв претседател, 1947

  4. Македонски ПЕН центар

    Учествувал во неговото втемелување.

  5. Струшки вечери на поезијата

    Учествувал во нивното втемелување.

Конески е научник и писател со бележита меѓународна репутација, член на неколку академии на науките и уметностите, почесен професор на низа еминентни универзитети и лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија. Покрај во МАНУ, членувал и во ЈАЗУ, ХАЗУ, САНУ и САЗУ.

Награди и признанија

Научен и есеистички опус

  • Македонски правопис со правописен речник (со Крум Тошев)
  • Граматика на македонскиот литературен јазик, прв дел
  • За македонскиот литературен јазик
  • Граматика на македонскиот литературен јазик, втор дел
  • Речник на македонскиот јазик
  • Историја на македонскиот јазик
  • Речник на македонскиот јазик, книга втора
  • Речник на македонскиот јазик, книга трета
  • Јазикот на македонската народна поезија
  • Македонскиот 19. век, јазични и книжевно-историски прилози
  • Тиквешки зборник
  • Македонски места и теми
  • Небесна река
  • Светот на легендата и песната

Поетски и прозен опус

Блаже Конески е еден од доајените на македонската современа поезија.

  • Мостот
  • Земјата и љубовта
  • Песни
  • Везилка
  • Песни
  • Стерна
  • Записи
  • Стари и нови песни
  • Лозје и песни во проза; Места и мигови
  • Чешмите
  • Црква
  • Златоврв
  • Сеизмограф
  • Небесна река
  • Црн овен

Конески е автор и на книгите раскази и куси прози:

  • Лозје (1955)
  • Дневник по многу години (1988)

Преведувачки опус

Неговиот преведувачки опус е импресивен. Препејувал врвни поетски остварувања од германски — Хајне; руски — Блок, Брјусов, Мајаковски; полски — Мицкјевич, Словацки, Крашињски; чешки — Маха, Неруда, Незвал; српски — Његош, Максимовиќ; и словенечки — Прешерн.

Неговата поезија е преведена на голем број јазици.