Катедра

Македонски јазик

Катедрата за македонски јазик, основана во 1946 година, ја развива наставата и истражувањето во македонистиката на сите три циклуси студии.

Катедрата за македонски јазик е првата наставно-научна институционална единица во рамките на Филозофскиот факултет, основана во 1946 година, под називот Катедра за јужнословенски јазици, со посебен Семинар за македонски јазик. Катедрата има основоположничка улога во создавањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Од основањето до денес својата наставна дејност Катедрата ја врши, пред сè, преку Групата за македонски јазик.

Катедрата за македонски јазик ја има честа нејзин основач и прв раководител да биде великанот на македонската наука за јазикот – професорот Блаже Конески, во чија чест и Филолошкиот факултет денес го носи неговото име. Покрај Конески, први наставници на Катедрата биле и д-р Васо Томановиќ и Крум Тошев, а веднаш по нив, во првата генерација наставници на Катедрата, се вбројуваат и д-р Радмила Угринова-Скаловска и д-р Божидар Видоески. Десетина години подоцна, во 50-тите години, на Катедрата доаѓаат и други видни имиња: д-р Оливера Јашар-Настева, д-р Ружа Паноска, како и Александар Џукески, Милка Проданова, Вида Павлоска и м-р Бистрица Миркуловска. Во 70-тите години на Катедрата ѝ се приклучуваат и д-р Живко Цветковски, д-р Стојка Бојковска, д-р Мито Миовски, д-р Лилјана Минова-Ѓуркова, д-р Кирил Конески, д-р Људмил Спасов, д-р Коста Пеев и д-р Илија Чашуле. Во 80-тите години Катедрата се збогатува со имињата на д-р Димитар Пандев, д-р Емилија Црвенковска, д-р Катерина Велјановска, д-р Чедомир Стојменовиќ, д-р Томислав Треневски, д-р Гордана Алексова, д-р Славица Велева и д-р Елена Петроска. Последниот поголем прилив на наставен кадар на Катедрата се случи во 90-тите години: д-р Анета Дучевска, д-р Татјана Гочкова, д-р Љубиша Станковиќ, д-р Ненад Вујадиновиќ, д-р Лидија Аризанковска, д-р Марјан Марковиќ, д-р Симон Саздов, д-р Искра Пановска-Димкова и д-р Станислава-Сташа Тофоска.

Во следните 25 год. Катедрата се подмлади само со тројца наставници/соработници: д-р Марија Паунова (2003) и м-р Бобан Карапејовски и м-р Бојан Петревски (2018).

1946година на основање
15.000+библиотечни единици
3циклуси на студии

Студиски програми

Преглед на студиските програми на Катедрата. Изберете програма за целосната наставна структура и официјалните документи.

Библиотека

Библиотеката на Катедрата располага со повеќе од 15.000 наслови и списанија. Фондот се развивал од почетен број подарени книги, а списанијата се набавуваат и преку размена со институции во земјата и во странство.

Библиотекар

Андреа Делипапаз

(02) 3240-418локал 418

andrea.delipapaz@flf.ukim.edu.mk