Катедра

Општа и компаративна книжевност

Катедрата ја проучува книжевноста во теориски, историски и интеркултурен контекст, поврзувајќи книжевна теорија, компаративни истражувања и различни книжевни и културни традиции.

Катедрата за општа и компаративна книжевност е формирана во учебната 1980/81 година. Постоењето и развојот на Катедрата за општа и компаративна книжевност е во знакот на континуираното збогатување на наставните планови и програми, од една и усовршувањето на кадрите, од друга страна.

Катедрата за општа и компаративната книжевност како предмет на изучување го има широкото поле на традиционалните и современи теоретски пристапи кон книжевноста и другите уметности, како и компаративно – историското изучување на македонската книжевност во врска со сите европски и други книжевности и култури. Тоа значи дека катедрата остварува врвни наставни и истражувачки активности во кои студиите реализирани преку компарирањето како дисциплина колку што го нагласуваат односот меѓу националната книжевност и другите книжевности, толку ги истражуваат одговорите на прашањата за поврзаноста на книжевноста со сите други уметности, театарот, сликарството, филмот, фотографијата, како и современите дигитални технологии. Оваа катедра дава можност за изучување на широкото поле на интедисциплинарните и интермедијалните концепции, културолошките концепции во науката и уметноста во целина.

За местото, реномето и за перспективите на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје говорат токму активностите и успесите што ги постигнуваат нејзините студенти чие вработување е клучно и актуелно во повеќе сфери на културата во земјата и во странство, потоа во образованието, во медиумите, во издаваштвото, во библиотеките, во институтите за истражување и центрите на културата, во сферата на кинематографијата актуелна во кинотеките во зeмјата и во регионот, во креирањето и критичкото промислување на културните и образовните политики и во владините и невладините организации. Може да се каже дека од постоењето до денес студентите кои студираат на оваа група по остварените резултати се едни од најдобрите и најкреативните во различни сфери на образованието, науката, уметностите и културата во земјава и во странство.

Студиски програми – прв циклус

Преглед на студиските програми на Катедрата. Изберете програма за целосната наставна структура и официјалните документи.

Библиотека

Понеделник – петок: 10:00 – 14:00 ч.

Библиотекар

Дарко Митевски

(02) 3240-433 локал 433