Катедра
Англиски јазик и книжевност
Катедрата, самостојна од 1960 година, развива настава и истражување по англиски јазик и книжевност и одржува широка меѓународна академска соработка.
Катедрата за англиски јазик и книжевност своите скромни почетоци ги бележи во 1950 година како лекторат за англиски јазик при Филозофскиот факултет во Скопје, за во 1958 година да прерасне во Отсек за англиски јазик и книжевност во рамките на Катедрата за германистика при истиот факултет и конечно, во 1960 година, да се осамостои како Катедра за англиски јазик и книжевност. На првиот упис во 1958 година на студиите по англиски јазик и книжевност се запишале 60 студенти, што укажува на податокот дека уште на самите почетоци постоел огромен интерес за ваквите студии во Македонија. За прв шеф на Катедрата е избрана вон. проф. Мира Шуњиќ, а веднаш по неа доајенот на македонската англистика, вишиот предавач Даринка Арсова. Интересен е податокот дека таа, заедно со Џејмс Лич, професор од Велика Британија, во 60-тите години ги изработила првите учебници по англиски јазик за основното образование кај нас. Во овој период а особено по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, сè почеста е соработката со странски колеџи и универзитети, особено со помош на фондациите „Форд” и „Фулбрајт” од САД и Британскиот совет, па така голем број предавачи-гости и професори престојувале на Катедрата со што придонеле во создавањето на толку неопходниот наставен кадар за понатамошното постоење и работење на Катедрата. Како куриозитет вреди да се спомене дека првиот предавач-гостин на Катедрата бил никој друг туку познатиот американски романсиер Сол Белоу кој во пролетта 1960 година одржал низа предавања за студентите и членовите на Катедрата.
Конференции:
– 1998 – МАЛА – I меѓународен конгрес на применета лингвистика на Македонија „Јазикот и општеството на прагот на XXI век”, 8-10 мај 1998г.
– 2008 – 50th Anniversary of the Department of English Language and Literature International Conference – “English Studies in a European/Global Context: Current Issues, Future Trends”, 5-6 September 2008.
– 2016 – ESIDRP – International Conference at the Department of English Language and Literature – “English Studies at the Interface of Disciplines: Research and Practice”, 11-13 March 2016.
Проекти:– 1994 – заеднички проект на Катедрата и Британскиот совет за воведување на Британски културолошки студии кои започнуваат да функционираат во 1998– 2001-2002 – TEMPUS проект за стручно усовршување на наставен кадар за изведување настава по преведување и толкување– 2001-2003 – ECML: “Cultural Mediation Foreign LanguageTeaching”, multy-countryproject – “Cultural Mediation Teaching – Learning Materials”– 2004-2007 – проект Академско писмено изразување (Writing University Project), проект на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Британскиот совет – Скопје– 2010-2011 – проект за отворање Американски студии – грант добиен преку Американската амбасада во Скопје– 2011 – проект за е-библиотека предложен и воден од студенти при Катедрата за англиски јазик и книжевност – добиен од Alumni Grant Program– 2012 – Dickens Bicentenary Event дел од меѓународниот проект Dickens 2012 во организација на Британскиот советАктивности:– Од 1993 постои неформална театарска работилница со студентите од Катедрата којашто досега има изведено повеќе од дваесет сценски проекти, а за еден од нив, на Републичкиот фестивал на аматерска драма ДАФ Кочани 2010 им беше врачена специјална награда– „Отстапка“ – јавни трибини и дискусии организирани од страна на членовите на Катедрата со студентите и со познати личности од културата, а во врска со прашања што ги засегаат студентите
Студиски програми – прв циклус
Преглед на студиските програми на Катедрата. Изберете програма за целосната наставна структура и официјалните документи.
Библиотека
Работно време: понеделник до петок од 07.30-15.30 Пауза: 10.00-10.30