Конкурс и рокови
| Активност | Прв уписен рок | Втор уписен рок |
|---|---|---|
| Пријавување на кандидатите | 7.9.2026 – 21.9.2026 | 1.12.2026 – 10.12.2026 |
| Објавување прелиминарни листи | 24.9.2026 | 14.12.2026 |
| Одлучување по приговори | 28.9.2026 | 16.12.2026 |
| Објавување конечни листи | 1.10.2026 | 18.12.2026 |
| Запишување на кандидатите | 5.10.2026 – 9.10.2026 | 21.12.2026 – 25.12.2026 |
Пријавување
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања, втор и трет циклус.
Потребни документи
За пријавување
При пријавувањето за запишување на студиската програма на трет циклус студии – докторски студии, кандидатите ги поднесуваат следниве документи во оригинал или фотокопија заверена на нотар:
- Пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира.
- Првична согласност на ментор од листата на ментори.
- Писмо за мотивација со назначување на областа на истражување.
- Кратка биографија.
- Уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии.
- Уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии.
- Диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии.
- Диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии.
- Сертификат/уверение за познавање на англиски јазик за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Советот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот, или диплома за претходно стекнато образование каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
- Кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.
За запишување
Запишувањето на студентите се врши на единицата на која припаѓа студиската програма. При запишувањето се доставуваат:
- Индекс и пријавни листови.
- Две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3.
- Конечна согласност од менторот.
- Пријава за избор на предмети од академска обука.
- Договор за студирање.
- Потврда за уплатена прва рата од школарината.
- Потврда за уплата на износ од 7 % од школарината на студиската програма (во денарска противвредност), уплатена на Универзитетската школа за докторски студии.
- Образец за согласност на студентот за електронска комуникација.
- Електронски пополнет образец ВОИ.70А.
Образец ВОИ.70А
За пополнување на образецот студентите најпрвин се регистрираат на Националниот портал за е-Услуги и го надградуваат профилот на ниско ниво во центрите ЕТУ или преку постојна корисничка сметка од УЈП.
Студентите на докторски студии го пополнуваат образецот ВОИ.70А. По успешното пополнување, генерираниот документ се доставува до студентската служба.
Школарина
Школарината се плаќа на 6 еднакви рати, на почетокот на секој семестар, во денарска противвредност. Се уплаќа на сметка на единицата со која студентот склучил договор за студирање.
При уплата на првата рата, примените кандидати вршат и уплата во износ од 7 % од школарината на студиската програма на сметката на Универзитетската школа за докторски студии: Сметка 160 010 3689 788 18; Приходна шифра и програма 723012 41; Банка на примач: Народна банка на Република Северна Македонија.
Контакт
Соработник за магистерски и докторски студии