Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во зимскиот семестар на академската 2026/2027 година започнува со спроведување на програми за доживотно учење. Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати да се пријават.
Покрај јазичните курсеви, се организира и специјален онлајн курс за лекторирање и јазична редакција, наменет за подготовка на кандидатите што планираат да полагаат испит за добивање лиценца за лектор, како и за освежување на знаењата од современиот македонски стандарден јазик.
