Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус за студиската 2026/2027 година.
Конкурсот опфаќа повеќе категории студентски стипендии, меѓу кои стипендии за студенти од социјални категории, студенти со попреченост и ретки болести, студенти запишани на студиски програми од стратешки интерес за државата и студенти со особен успех во студирањето.
Рок за пријавување
20 ноември 2026 година
Аплицирањето е исклучиво електронски. Документите не се доставуваат во хартиена форма до Министерството за образование и наука.
