Прв циклус студии
- Современ руски јазик А7
- Практика на преведување А3
- Практика на преведување 1
- Руски јазик Ц1
- Современ руски јазик А8
- Практика на преведување А4
- Практика на преведување 2
- Руски јазик Ц2
Образование
Во 1991 г. дипломирав на Филолошкиот факултетот „Блаже Конески“ на групата Македонски јазик и јужнословенски јазици со руски јазик и книжевност како втор главен предмет, а во 2005 г. дипломирав на катедрата за Руски јазик и книжевност. Во 2012 год. го одбранив магистерскиот труд.
Работно искуство
Своето работно искуство го стекнав како преведувач и професор по руски јазик во основните и средните училишта во Скопје (1992-.2005 г.) Од 2005 – 2012 год бев ангажирана како надворешен соработник од пракса на Катедрата за славистика, а од 2013 сум во редовен работен однос како лектор на Катедрата за славистика.
Учество во проекти
Член на Национален експертски тим за развој на модуларни наставни програми базирани на концепеции, Проект за развој на вештини и поддршка на иновации за средно 4-годишно техничко образование.
Други ангажмани
Член на комисија за 30 дипломски работи;
Учество во работа на комисии за државни натпревари по руски јазик за основни и средни училишта 2017-2019 г.;
Промотивни активности на факултетот отворени часови во 5 (пет) основни училишта и 1 (едно) средно училиште во Р.Македонија;
Меѓународна научна конференција „Зборот збор отвора“ во рамките на проектот „Паралелни фразеолошки корпуси“, Филолошки факултет „Блаже Конески“- УКИМ, Скопје, 2016 г.;
Меѓународен симпозиум „40 годни катедра за турски јазик и книжевност“Филолошки факултет „Блаже Конески“- УКИМ, Скопје, 2017 г.;
Меѓународен славистички собир, VII македонско-руска научна конференција, VII македонско-чешка научна конференција и X македонско-полска научна конференција Филолошки факултет „Блаже Конески“- УКИМ, Скопје, 2017 г.;
Меѓународен славистички научен собир „Славистиката во синхронија и дијахронија“, Филолошки факултет „Блаже Конески“- УКИМ, Скопје, 2022 г..
Преводи
- Иконостасите на Македонија,
- Монографијата за Томе Серафимовски,
- Загледување во минатото – старо оружје на Т.Костовски,
- Заборавениот рај –вина со географско потекло,
- целокупната продукција на АДИНГ и др. преводи за потребите на факултетот.