Проекти

Дигитализација на списанието „Театарски гласник“ (1977–2024)

Национален проект за дигитализација на списанието „Театарски гласник“ (1977–2024), реализиран во соработка со НУ Драмски театар Скопје.

Национален проект

Финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Носител на проектот: Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, во соработка со НУ Драмски театар Скопје

Раководител на проектот: Димитар Попоски

За проектот

Проектот е посветен на дигитализацијата на списанието „Театарски гласник“ за периодот од 1977 до 2024 година.

Со дигитализацијата се овозможува долгорочно зачувување и полесен пристап до архивските броеви на списанието како значаен извор за истражување на македонската театарска, книжевна и културна историја.