По повод одбележувањето на двата значајни јубилеи, 80 години од основањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со Решение од Владата на НР Македонија во 1946 година и 80 години од првите предавања, одржани на 16 декември 1946 година, чест ни е да ве поканиме на Меѓународниот научен собир „Филологијата денес – предизвици и перспективи“, кој ќе се одржи на 18 декември 2026 година.
Свои излагања ќе имаат над 70 учесници од Македонија и од странство. Работните јазици на конференцијата се македонскиот, англискиот, францускиот и сите словенски јазици. По пленарната сесија, конференцијата ќе се одвива во неколку паралелни тематски блокови.
