Цел и студиски програми
Основната цел е Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, заедно со Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, да дизајнира и развие додипломски и постдипломски студиски програми по применети странски јазици.
Новите програми ја збогатуваат понудата за изучување јазици и ја зголемуваат можноста за вработување на идните дипломци и постдипломци. Покрај специфичните јазични вештини, студентите стекнуваат компетенции од правото, економијата и проектниот менаџмент. Потребата од ваков стручен кадар е очигледна во контекст на глобализациските и евроинтеграциските процеси во Скопје и Белград.