Проекти

Виртуелен музеј Конески

Проект за обработка, заштита, систематизација и дигитализација на архивски материјал поврзан со Блаже Конески.

За проектот

Проект на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Основната цел на проектот „Виртуелен музеј Конески“ е да се обработи и претстави обемниот архивски материјал оставен од Блаже Конески и од неговото семејство, што се чува во Архивот „Харалампие Поленаковиќ“ на МАНУ.

Заштита, систематизација и дигитализација

Проектот предвидува заштита, систематизација и дигитализација на различни видови изворни документи од Конески и нивно претставување на научната и на пошироката јавност во дигитална форма, научни трудови, публикација, изложба и работилници.

Научно и општествено значење

Имајќи предвид дека станува збор за необработени материјали од највисоко национално и научно значење, се очекува проектот да овозможи проучување на научниот и книжевен придонес на Конески од нови перспективи, современо претставување на неговиот лик и дело, како и примена на архивскиот материјал во наставно-образовни цели и во промоција на македонскиот јазик и книжевност во светот.

Проектот се вглобува во современите светски текови во хуманистичките истражувања, во кои особено внимание се посветува на обработка на архивската граѓа, како една од најважните форми на културно наследство.

Се очекува, исто така, овој проект да овозможи надградба на капацитетите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за дигитализација на вреден книжен материјал. Проектот ќе ја зајакне, исто така, и соработката меѓу различни институции кои се грижат за македонскиот јазик и книжевност и ќе предложи модел за обработка и претставување на архивски материјал од други важни книжевници и научници.

Истражувачки тим

  • проф. д-р Руска Ивановска-Наскова, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, главен истражувач
  • проф. д-р Владимир Мартиновски, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, истражувач
  • проф. д-р Бранислав Геразов, Факултет за електротехника и информациски технологии, истражувач
  • д-р Давор Јанкулоски, Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ и Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, помлад истражувач
  • д-р Марија Пандева, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, помлад истражувач
  • д-р Ема Лакинска, Институт за македонска литература, помлад истражувач
  • Љубомир Ѓоревски, Архив „Харалампие Поленаковиќ“, МАНУ, архивист
  • Иван Блажев, Архив „Харалампие Поленаковиќ“, МАНУ, архивист-фотограф

Финансирање

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за образование и наука преку Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година.

Проектни активности

Две предавања во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“

Вест

Две предавања во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“

Во текот на месец октомври 2026 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беа одржани две предавања во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“. На 13.10.2026. проф. Елена Петроска од Државниот универзитет Монтана (САД) одржа предавање на далечина на тема „Архивот како лабораторија: фондот Блаже Конески“. На 21.10.2026 г. Милена Џуфрида, истражувач на Универзитетот во Катанија […]

Прочитај повеќе
Илустрација за објавата „Објавен научен труд за необјавените песни и прозни записи на Блаже Конески“

Вест

Објавен научен труд за необјавените песни и прозни записи на Блаже Конески

Во списанието „Современа филологија“ е објавен научен труд посветен на необјавените песни и прозни записи на Блаже Конески, пронајдени во фондот „Блаже Конески“ во Архивот на МАНУ.

Прочитај повеќе
Студентска работилница за дигитализација на архивски материјали

Вест

Студентска работилница за дигитализација на архивски материјали

Во Архивот на МАНУ се одржа студентска работилница за дигитализација на архивски материјали, предводена од фотографот и архивист Иван Блажев, во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“.

Прочитај повеќе
Предавање на проф. Мотоки Номачи од Универзитетот Хокаидо

НастанСала за седници

Предавање на проф. Мотоки Номачи од Универзитетот Хокаидо

Предавање на проф. Мотоки Номачи од Универзитетот Хокаидо на тема „What Archives Taught Me about the Macedonian Language: A Trial-and-Error Journey through the Archival Record“, во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“.

Прочитај повеќе
Посета на Универзитетот „Ориентале“ и Државниот архив во Неапол во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“

НастанНеапол, Р. Италија

Посета на Универзитетот „Ориентале“ и Државниот архив во Неапол во рамки на проектот „Виртуелен музеј Конески“

Од 27 април до 1 мај 2026 г. учесниците во проектот „Виртуелен музеј Конески“ гостуваа на Универзитетот „Ориентале“ во Неапол, го посетија Државниот архив и учествуваа на меѓународен семинар посветен на македонскиот јазик и книжевност.

Прочитај повеќе
Студентска работилница за обработка на архивски материјали во Архивот на МАНУ

НастанМАНУ

Студентска работилница за обработка на архивски материјали во Архивот на МАНУ

На 9.3.2026 г. во Архивот на МАНУ се одржа студентска работилница за обработка на архивски материјали. Студентите имаа можност да се запознаат со Архивот, со некои од неговите најважни фондови и да опишат неколку архивски единици од фондот „Блаже Конески“. Работилницата е дел од активностите на проектот „Виртуелен музеј Конески“. Галерија

Прочитај повеќе
Посета на Институтот за српски јазик и на Аудиовизуелниот архив и центар за дигитализација на САНУ

Вест

Посета на Институтот за српски јазик и на Аудиовизуелниот архив и центар за дигитализација на САНУ

Од 19 до 21 ноември 2025 г. учесниците во проектот „Виртуелен музеј Конески“ ги посетија Институтот за српски јазик и Аудиовизуелниот архив и центар за дигитализација на САНУ во Белград.

Прочитај повеќе