Изберете „Го заборавив корисничкото име?“, внесете ја е-адресата со која се најавувате на iKnow и изберете „Прати“.
На таа е-адреса ќе добиете порака со корисничкото име.
Заборавена или промена на лозинка
Отворете ја веб-страницата servisi.ukim.mk и изберете „Најавете се“.
Изберете „Заборавена лозинка?“.
Внесете го корисничкото име и изберете „Прати линк“.
На е-адресата со која се најавувате на iKnow ќе добиете порака од „УКИМ – Ресет на лозинка“ со линк.
Отворете го линкот, внесете го корисничкото име и новата лозинка. Новата лозинка мора да има минимум 9 знаци и да содржи голема буква, мала буква, број и специјален знак (@, #, %, !). Изберете „Ресетирај“.
Најавете се на Microsoft Teams со корисничкото име и новата лозинка.