Студенти

iKnow – најава и упатства

Најава во iKnow

Прво најавување за новите студенти

  1. Отворете ја веб-страницата iKnow.
  2. Изберете „Заборавена лозинка?“.
  3. Внесете ја е-адресата што сте ја користеле на upisi.ukim.mk.
  4. Следете ја пораката за ресетирање што ќе ја добиете по е-пошта.
  5. Новата лозинка мора да има минимум 9 знаци и да содржи голема буква, мала буква, број и специјален знак (@, #, %, !).
  6. Најавете се со е-адресата и новата лозинка.
  7. За првото најавување се препорачува да користите лаптоп или компјутер.

Ако не ги гледате вашите податоци

Ако по најавувањето се појави „Home“ или „Welcome“ наместо податоците на студентот, затворете го веб-прелистувачот, отворете го повторно и најавете се уште еднаш.

Бирање предмети

Бирањето предмети се врши преку iKnow-системот.