СТРАНСКИ СТУДЕНТИ

Кратки студиски програми за изучување јазик

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира едногодишни кратки студиски програми за странски студенти за изучување на јазикот на кој се изведува наставата на избраната студиска програма од прв циклус студии.

Актуелен упис 2026/2027

Официјалните огласи за запишување странски студенти во учебната 2026/2027 година се достапни на македонски, турски и англиски јазик.

Програми

Македонски јазик за странци

Едногодишната кратка стручна студиска програма е наменета за странски студенти кои ќе следат студиска програма од прв циклус на македонски јазик. Програмата трае два семестра, носи 60 ЕКТС-кредити и завршува со сертификат.

ВреметраењеЕКТСЈазик на наставаКвалификација
2 семестра60 (30 зимски + 30 летен)Македонски јазикСертификат

Англиски јазик за странски студенти

Едногодишната кратка стручна студиска програма е наменета за странски студенти кои ќе следат студиска програма од прв циклус на англиски јазик. Програмата трае два семестра, носи 60 ЕКТС-кредити и завршува со сертификат.

ВреметраењеЕКТСЈазик на наставаКвалификација
2 семестра60 (30 зимски + 30 летен)Англиски јазикСертификат

Организација на наставата

Наставата се организира во зимски и летен семестар, а проверката на знаењата се врши континуирано во текот на наставата.

Учебна 2026/2027

Зимскиот семестар трае од 1 октомври 2026 до 12 јануари 2027, а летниот семестар од 16 февруари 2027 до 30 мај 2027.

Упис во втор семестар и плаќање

Документите со практични информации за упис во втор семестар и плаќање се достапни на македонски, турски и англиски јазик.

Архива

Претходните огласи и известувања се достапни во архивата на кратките студиски програми.