CILS – CERTIFICAZIONE DI ITALIANO COME LINGUA STRANIERA
Сертификат за познавање италијански како странски јазик.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје е седиште за изведување испити за сертификатот за познавање на италијанскиот како странски јазик CILS за сите нивоа: CILS A1 e A2, CILS UNO – B1, CILS B1 – Adolescenti, CILS B1 – Cittadinanza, CILS DUE – B2, CILS TRE – C1, CILS QUATTRO – C2.
Испитите се организираат во соработка со Универзитетот за странци во Сиена двапати годишно, во декември и во мај/јуни.
Зошто да полагате CILS?
- За вработување во Италија.
- За добивање италијанско државјанство (ниво B1).
- За упис на италијанските универзитети (ниво B2).
- За предавање на италијанскиот како странски јазик надвор од Италија (QUATTRO – C2).
Организација на испитот
Испитите се спроведуваат со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет.
Валидноста на сертификатите CILS не е временски ограничена.
Пријавувањето завршува 40 дена пред датумот на полагање на испитот.
DITALS – CERTIFICAZIONE IN DIDATTICA DELL’ITALIANO COME LINGUA STRANIERA
Сертификат за држење настава по италијански како странски јазик.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје е седиште за изведување испити за сертификатот ДИТАЛС, со кој се потврдува поседување теориски и практични знаења од областа на наставата по италијанскиот како странски јазик. Сертификатот го издава Универзитетот за странци од Сиена и може да биде корисен при аплицирање за работа како професор по италијански јазик.
Испитите се состојат од анализа на дидактички материјали, анализа и дидактичко искористување на текст и делови за оценување на знаења од областа на методиката на наставата по италијански јазик.
Испитите за сите нивоа на ДИТАЛС – ДИТАЛС основно ниво, ДИТАЛС I ниво, ДИТАЛС II ниво и ДИТАЛС digitale – се спроведуваат со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Информации за полагање
| Настан | Датум |
|---|---|
| Пријавувањето трае до | 23 октомври 2025 година |
| Испитите ќе се одржат на | 4 декември 2025 година |
Одговорно лице за CILS и DITALS