Италијански јазик и книжевност
Валентина Милошевиќ-Симоновска
м-р · виш лектор
vmilosevic@flf.ukim.edu.mkПрв циклус студии
- Современ италијански јазик 1
- Италијански јазик 1 (ДАФЛС)
- Современ италијански јазик 2
- Современ италијански јазик 3
- Современ италијански јазик 4
- Италијанскиот јазик во првата половина на ХХ век
Образование
Дипломирала во 1997 година на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Магистрирала во 2013 година во областа наука за јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, на тема „Јазичната политика на фашизмот во Италија“. Реализирала повеќе студиски престои во странство, меѓу кои: Универзитет за странци во Перуџа, Италија, 1991, 1993 и 2003 година. Универзитет во Дижон, Франција, 1993 година. Студиски престој во Бари, Италија, 2005 година.
Работно искуство
Во периодот 1993–2004 работела како професор во училиштето за странски јазици при Младинскиот културен центар во Скопје, каде изведувала настава по италијански, француски и шпански јазик за возрасни. Од 1998 година била ангажирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за романски јазици и книжевност, во наставата по Современ италијански јазик за нематичните факултети, како и во наставата на двегодишните, тригодишните и четиригодишните студии по италијански јазик. Од 2014 година работи како виш лектор по италијански јазик при Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Од 2020 година е ЕКТС координатор на Катедрата за италијански јазик и книжевност.
Други ангажмани
Организирала и раководела со седум студентски преведувачки работилници.
Преводи
- Маријатереза ди Лаша, Премин во сенка, Скопје, Арс Ламина 2017.