Повици

Стипендии за студирање руски јазик и книжевност во академската 2026/2027 година

Петте најдобро рангирани кандидати што ќе се запишат на студиската програма Руски јазик и книжевност ќе добијат стипендии од ЛУКОИЛ Македонија за покривање на школарината во академската 2026/2027 година.

Студирајте руски јазик и книжевност и искористете ја можноста за добивање стипендија во академската 2026/2027 година.

Петте најдобро рангирани кандидати што ќе се запишат на студиската програма Руски јазик и книжевност добиваат стипендија од ЛУКОИЛ Македонија.

Што опфаќа стипендијата?

Со стипендиите се покриваат трошоците за школарина за академската 2026/2027 година, со можност за продолжување на поддршката и во наредните учебни години.

Кој може да добие стипендија?

Стипендиите се наменети за петте најдобро рангирани кандидати што ќе се запишат на студиската програма Руски јазик и книжевност.

Повеќе информации

За дополнителни информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат на:

Е-пошта: slavistika@flf.ukim.edu.mk

Facebook: rusistika.mk

Стипендии за студирање руски јазик и книжевност во академската 2026/2027 година