Прв циклус студии
- Култура на писменото изразување на македонски јазик
- Основи на семантиката
- Граматичка семантика
- Македонски јазик 1 A
- Македонски јазик 2 A
- Македонски јазик и новинарска стилистика (на студиите по Новинарство, на Правниот факултет„Јустинијан Први“)
Втор циклус студии
- Лингвистиката и македонистиката
- Актуелни лингвистички проучувања на современиот македонски јазик
- Лексичка семантика
- Лингводидактика
- Македонски јазик и култура (на студиите по Конференциско толкување)
Трет циклус студии
- Семантичките и граматичките категории во македонскиот јазик
- Структура и организација на лексичкиот систем на македонскиот јазик Социолингвистиката и наставата по јазик
- Семантика, прагматика и комуникација (на студиската програма Комуникации и медиуми, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања)
Образование
Родена е во Скопје, каде го завршила основното и средното образование. Дипломирала на групата Македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје во 1990 година. Магистрирала во 1996 година на тема „Глаголите на зборување во современиот македонски јазик“. Докторирала во 2005 година на тема „Семантика на примарните телични глаголи во македонскиот јазик“. Во рамки на своето научно и стручно усовршување, била на повеќе пократки и подолги студиски престои на различни универзитети во Полска (Краков, Варшава), Чешка (Прага), Германија (Мајнц), Белгија (Брисел), Хрватска (Загреб, Ријека), Велика Британија (Лондон) и САД (Вашингтон, Чикаго, Филаделфија, Билингс, Феникс).
Работно искуство
Повеќегодишен лектор и предавач на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид, од 1996 година до денес. Предавач на Меѓународната летна школа за словенски и источноевропски јазици – SWSEEL (Summer School of Slavic and East European Languages) на Универзитетот Индијана во Блумингтон, САД, во 2001 година.
Учество во проекти
Учествувала во десетина национални и меѓународни научноистражувачки проекти: „Целокупни дела на Блаже Конески (критичко издание)“, Македонска академија на науките и уметностите (2010–2022). „Местото на македонскиот јазик во словенскиот и во балканскиот јазичен свет“, ИЦАЛ, МАНУ (2001 до денес). „Граматички опис на македонскиот јазик“, ИЦАЛ, МАНУ. „Правопис на македонскиот стандарден јазик“, Министерство за култура на РМ (2013–2015). „Психосоцијална поддршка на наставниците и студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија“ (2021). „Јазици, книжевности, култури: образовни политики во функција на современото општество“, Филолошки факултет „Блаже Конески“. „Изучување на јазиците на другиот / активни студенти за општествена кохезија“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ (2018–2019). Билатерален проект со Универзитетот Метрополитен од Лондон и Британскиот совет во Македонија за изработка на стандардизиран тест и обука за континуиран професионален развој за преведувачите и толкувачите во јавната и државната администрација. Два меѓународни проекти од програмата ТЕМПУС и еден од програмата УНЕСКО, поврзани со основање на Центарот за тестирање и сертифицирање на познавањето на македонскиот јазик како странски/втор јазик, надградување на студиските програми по македонски јазик како странски и создавање процедури за тестирање на македонскиот јазик како странски јазик според европски стандарди. Билатерален проект со Универзитетот во Загреб, Хрватска „Положбата на македонскиот и на хрватскиот јазик во образовниот систем на повеќејазични средини“ (2007–2009). „Глаголскиот вид (аспектот) во македонскиот јазик“ (1994–2003).
Други ангажмани
Одржала предавања по покана во странство: на Катедрата за славистика на Универзитетот во Истанбул, на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, во Српската академија на науките и уметностите во Белград, на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб и на Универзитетот во Ријека. Учествувала на околу 50 меѓународни конференции, од кои голем број биле одржани во странство: Белград, Загреб, Ријека, Задар, Гетеборг, Варшава, Вроцлав, Краков, Чикаго, Филаделфија, Билингс, Феникс и Сапоро. Била член или претседател на организацискиот одбор на повеќе домашни и меѓународни научни собири и конференции одржани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Била долгогодишен член на редакцискиот одбор на списанието „Литературен збор“, а негов главен уредник во периодот 2014–2019. Рецензент е на повеќе монографии и на статии во меѓународни научни списанија.
Книги(научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник)
- Прилози за современиот македонски јазик. (Целокупни дела на Блаже Конески, критичко издание), том 12 (приредувач, заедно со Е Петроска,) на. Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2022, Скопје. 600 стр.
- Граматика на македонскиот литературен јазик. (Целокупни дела на Блаже Конески, критичко издание), том 11 (приредувач, заедно со Е Петроска,). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, 2021.
- Од проблематиката на глаголскиот вид: Семантика на теличните глаголи во македонскиот јазик, (автор). Скопје: самостојно издание, 2017.
- Правопис на македонскиот јазик. (дел од авторскиот тим). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.2015
- Преглед на видските форми на почестите глаголи во македонскиот јазик (во коавторство со К. Велјановска, А. Дучевска и Л. Танушевска (прирачник). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2007,
Библиографија на научни и стручни статии
Избрани поважни библиографски единици
- „За граматичките и (лексичките) статии на Конески во граматиката и пред неа“ (коавторство со Е. Петроска, Б. Карапејовски, Б. Петревски). Меѓународен научен собир „100 години Конески“. Филолошки факултет „Блаже Конески“. Скопје: 2023, 223-231.
- „Префиксните зборообразувачки модели на глаголите на движење во македонскиот јазик“. Јужнословенски филолог, књ. LXXVIII, св. 2, Беoград 2022, 517-529.
- „Значењето на Блаже Конески за развојот на современиот македонски јазик“ (коавторство со Е. Петроска). Прилози на ОЛЛН, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2022, 97-102.
- „Блаже Конески и јазичната норма на македонскиот јазик“.Предавања на LIV меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 15 август до 1 септември 2021, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2022, 142-151.
- „За семантиката и синтаксата на глаголот МИСЛИ во македонскиот јазик“. Прилози на ОЛЛН, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 2021, 325-340.
- Учтиви барања во говорот на младите во македонскиот јазик“ (зборник за Кристина Крамер) In: Balkanistica 32: 2, 2019, The University of Mississippi Printing Services of University (Oxford) Mississippi, USA, 2019, 303-313.
- “Što se hoće, šta se želi, koga se voli“- хрватски и полски еквиваленти на македонскиот глагол сака“,„Komparativnoslavističke lingvokulturalne teme“, Zagreb 2019: Srednja Europa, 357-365.
- „Семантичко-синтаксичка анализа на глаголот БАРА во македонскиот јазик“. X македонско-северноамериканска конференција за македонистика, Охрид – Конгресен центар, 30.08. – 01.09. 2018 година, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2019, 59-72.
- За семантичките улоги на аргументите кај некои глаголски предикати“, Литературен збор LXVI, 1-6, Скопје 2019, 97-107.
- „Семантичка деривација кај префиксите во македонскиот јазик“ во Реферати на македонските слависти на XVI меѓународен славистички конгрес во Белград (20-27 август 2018), ИМЈ „Крсте Мисирков“,Скопје 2018, 65-80.
- Глаголот САКА и неговите полски еквиваленти (chcieć,lubić,kochać)“, Folia Philologica Macedono-Polonica, т. 9-10. Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје 2018, 51-61.
- „Личните имиња во македонските и албанските фразеологизми“ (со Б. Павлевска-Георгиевска, Ј. Шемко-Георгиевска), СЛАВОФРАЗ 2017 „Имињата и фразеологијата“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје 2018, 301-309.
- „ Функцијата на префиксите во определување на видското значење на глаголите во македонскиот јазик“.In: Balkanistica 30:2 (2017), The University of Mississippi Printing Services of University (Oxford) Mississippi, USA, 2017, 351-372.
- За значењата на префиксот ИЗ- во современиот македонски јазик“. Зборник во чест на проф. д-р Радмила Угринова-Скаловска по повод 90-годишнината од раѓањето, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2016, 261-275.
- Independent Directive da -constructions with Imperfect in Macedonian, Rocznik Slawistyczny (Revue Slavistique) t. LXIII, Warszawa: PAN, 2015, 141-157.
- “Telicity as Semantic Aspectual Category” во Verbal Aspect: Grammatical meaning and context. (red. Bennachio R.), Die Welt der Slaven, Munchen: Verlag Otto Sagner Press 2015, 519-529.
- Профилот на учениците што го изучуваат македонски јазик како втор“ (коавтор со Е.Петроска и Љ. Боцевска). Prvi, drugi, ini jezik: hrvatsko-makedonske usporedbe, ur. L. Cvikić i E. Petroska/ Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби, ур. Л. Цвикиќ и Е. Петроска, Zagreb: Hrvatsko filološko društvo, 2013, 126-136.
- „Варијантноста и глаголите на зборување при прекажување во македонскиот јазик“ во XXXIX научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид јуни 2012. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, 2013, 203-211.
- „MОРА- епистемичката модалност и евиденцијалноста во македонскиот јазик“ (со Е. Петроска). XXXVIII научна конференција на на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид јуни 2011. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, 2012, 111-118.
- „Лексичките показатели за прекажана евиденцијалност во македонскиот и во полскиот јазик“ (со Е. Петроска), Folia Philologica Macedono-Polonica, tom 8 (зборник од VIII Македонско-полска конференција, одржана во октомври 2009), Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2011, 521-532.
- Теличноста како семантичка видска категорија“, Прилози на Одделението за лингвитика и литературна наука, бр. XXXVI, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, 2011, 267-290.
- Глаголскиот вид во учебниците по македонски како втор и како странски јазик“, Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова по повод 70-години од раѓањето, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2009, 57-62.
- “Glagolski sustavi u hrvatskomu i makedonskomu kao drugomu i stranomu jeziku” (со Z. Jelaska i L.Cvikić), Меѓународен македонистички собир, Охрид 1-3 септември 2008. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2010, 153-166.
- Основни средства за изразување сегашност во хрватскиот јазик“, Сегашност како лингвистички поим, Морфосинтаксички студии I, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, Истражувачки центар за ареална лингвистика, 2010, 63-72.
- „Основни средства за изразување сегашност во словенските и балканските јазици“, (со Е. Петроска). Сегашност како лингвистички поим, Mорфосинтаксички студии I, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, Истражувачки центар за ареална лингвистика, 2010, 165-179.
- „Начини на изразување благослови во македонскиот и во албанскиот јазик -сличности и разлики“, (со Ј. Шемко) во Зборник на трудови од научниот собир „Културата и јазикот“, Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2009, 251-262.
- „За една група деструктивни глаголи“. Folia Philologica Macedono Polonica, том 6, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Филолошки факултет „Блаже Конески”, 2006, 93-102.
- „За еден тип креативни глаголи“. Македонскиот глагол- синхронија и дијахронија, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2001, 134-143.
- „Префиксални деривати од глаголскиот корен говор-“, Македонски јазик 1991-1993, Скопје 1998, 325-347.
- „Семантика на ИМА -перфектот во македонскиот јазик во зависност од глаголскиот вид.“ Славистички студии бр. 6-7, Скопје 1995, 104-111 стр.