Катедра
Германски јазик и книжевност
Катедрата од 1958 година ја развива наставата и истражувањето по германски јазик и книжевност, со активна соработка со германскојазични институции.
Катедрата за германски јазик и книжевност, која ја започна својата дејност во 1958 година, се состои од седум члена: проф. д-р Емилија Бојковска, проф. д-р Зорица Николовска, проф. д-р Силвана Симоска, проф. д-р Емина Авдиќ, проф. д-р Бисера Станкова, доц. д-р Маријана Ѓорѓиева, лектор м-р Сашка Грујовска-Миланова и лектор м-р Жанета Савиќ, кои ја покриваат целата настава врзана за германскиот јазик на првиот циклус студии, на вториот циклус студии и на третиот циклус студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Библиотекар е Зоран Симоски. Според бројот на студентите, Катедрата го зазема второто место на Факултетот. Активно соработува со Германската служба за академска размена (DAAD), со Гете-институтот во Скопје, со амбасадите на германскојазичните земји итн.
Значајни достигнувања на Катедрата, меѓу другото, се издавањето на првото германистички профилирано списание Germano-Macedonica (од 2001) и Големиот македонско-германски и германско-македонски речник (2006).
Голем придонес во развојот на Катедрата дадоа проф. д-р Душан Томовски (in memoriam) и проф. м-р Димитрија Гацов (in memoriam), како и пензионираните наставници проф. д-р Ранка Грчева, проф. д-р Петер Рау, проф. д-р Павел Борисевич, Олга Воиновска, Николина Кереместева, Клаудија Јорданова, Марина Нишлиска и др.
Студиски програми – прв циклус
Преглед на студиските програми на Катедрата. Изберете програма за целосната наставна структура и официјалните документи.
Библиотека
Библиотеката на Катедрата за германски јазик и книжевност обезбедува стручна литература и извори за наставната, научната и истражувачката работа во областа на германскиот јазик, книжевност, лингвистика и германистика.