Катедра

Албански јазик и книжевност

Катедрата, со корени од 1951 година, ја развива наставната и научната дејност во областа на албанскиот јазик, книжевност и култура.

Во 1951 година, кога тогашниот Филозофски факултет одбележуваше пет години од основањето, при оваа висока наставно-научна установа се воведе и албанскиот јазик на почетокот како лекторат при Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, а од 1959/60 учебна година овој лекторат прерасна во Семинар за албански јазик, што значи дека студентите од другите групи албанскиот јазик го слушаа четири семестри. Од учебната 1967/68 година албанскиот јаик и албанската книжевност се слушаат во текот на шест семестри, а од учебната 1971/72 година при Филозофскиот факултет од Семинарот за албански јазик се формира Катедрата за албански јазик и книжевност. Досега на оваа Катедра дипломирале над 1000 студенти.

Основоположник на Катедрата е познатиот деец д-р Петро Јанура, којшто од основувањето на Катедрата (1951) 20 години беше единствениот предавач сѐ до формирањето на Катедрата (1971) кога во наставниот процес се вклучија и истакнатите професори проф. д-р Ремзи Несими, проф. д-р Џеват Гега, проф. д-р Зихни Османи, проф. д-р Хаки Имери, проф. д-р Авзи Мустафа (сега сите во пензија), д-р Теута Арифи (подолго време се бави со политика) и лекторот Ќани Мемети.

За наставните потреби, на Катедрата предавале и професорите: проф. д-р Оливера Настева, проф. д-р Шефќет Плана, проф. д-р Љатиф Муљаку, проф. д-р Имри Бадалај, проф. д-р Садик Бејко, проф. д-р Агим Винца и проф. д-р Тома Дима.

Студиски програми – прв циклус

Преглед на студиските програми на Катедрата. Изберете програма за целосната наставна структура и официјалните документи.

Библиотека

Библиотеката на Катедрата за албански јазик и книжевност претставува поддршка на наставната, научната и истражувачката работа на студентите и наставниот кадар, со литература од областа на албанскиот јазик, книжевност, лингвистика и култура.

Библиотекар

Блерант Мехмети

(02) 3240-421 локал 421