Конкурс и рокови
| Активност | Прв рок | Втор рок |
|---|---|---|
| Пријавување на кандидатите | 1–16.10.2026 | 1–12.2.2027 |
| Објавување конечна ранг-листа | 20.10.2026 | 16.2.2027 |
| Запишување | 21–22.10.2026 | 17–18.2.2027 |
Пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Регистрацијата треба да е со мејл различен од мејлот што е користен во iKnow за прв циклус студии.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања, втор и трет циклус студии.
Потребни документи
За пријавување
При пријавување за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Пријавен лист (Образец А1 – се купува од книжарницата на Факултетот и се пополнува на денот на пријавувањето).
- Потпишани универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (се генерираат од iKnow-системот).
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома и/или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
- Куса биографија (CV).
- Потврда за активно познавање странски јазик.
- Потврда за уплатена административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00).
- Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви).
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат).
- Документи за евентуални награди, признанија и други документи.
За запишување
Примените кандидати поднесуваат:
- Индекс.
- 2 (две) слики (големина 3,5 x 4,5 см) и една помала слика (големина 2,5 х 3 см).
- Образец за запишување на семестар.
- Извод од матична книга на родени (фотокопија).
- Уплата од 2.000 денари за материјални ресурси за реализација на студиските програми.
- Уплата на школарина во висина на бројот на запишани ЕКТС кредити (1 ЕКТС кредит = 25 евра) во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на денот на плаќањето.
Податоци за уплата на материјални ресурси
Назив на примачот: Буџет на РМ – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник: 1600104235 -788 -10
Приходна шифра и програма: 723012 41
Податоци за уплата на школарина
Назив на примачот: Буџет на РМ – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник: 1600104235 -788 -10
Приходна шифра и програма: 723019 41
Правила и корисни врски
Контакт
Соработник за магистерски и докторски студии