ФАКУЛТЕТ

Центар за кариера и поддршка на алумни

Поддршка за професионалниот развој на студентите и за трајната поврзаност на Факултетот со неговите алумни.

За Центарот

Центарот за кариера и поддршка на алумни ја развива соработката меѓу студентите, дипломираните студенти, Факултетот, работодавачите и пошироката заедница. Центарот подготвува стратегија, акциски план и предлог-буџет за своите активности и придонесува кон развојот и промоцијата на Факултетот.

Раководство

Раководител

м-р Милена Недевска

Член

д-р Ведран Диздаревиќ

Член

м-р Ана Димовска

Што работи Центарот

Кариера и практична настава

  • организирање, координирање и евидентирање на практичната настава;
  • советување за кариера и професионален развој;
  • организирање работилници, семинари, саеми за кариера и Отворени денови;
  • следење и поттикнување иновации во студиските програми според потребите на студентите и пазарот на труд;

Работодавачи и пазар на труд

  • воспоставување контакти со претставници од приватниот и јавниот сектор и нивно вклучување како гости-предавачи;
  • организирање посети на компании и институции и подготовка на водичи за работодавачи;
  • споделување информации за практикантство, работни места и глобални практикантски можности;
  • поврзување со индустријата, собирање искуства и препораки и унапредување на угледот на Факултетот;

Мобилност и волонтирање

  • информирање и координирање можности за студентска мобилност;
  • поттикнување и координирање волонтерски активности;
  • поврзување на мобилноста, волонтирањето и практичните искуства со развојот на студентските компетенции;

Алумни и заедница

  • водење и ажурирање евиденција за алумни;
  • континуирана соработка со алумни од сите три циклуси на студии и нивно вклучување во активностите на Факултетот;
  • градење врски меѓу Факултетот, студентите, алумните и заедницата;
  • развивање алумни култура, чувство на припадност и лојалност кон Факултетот;
  • промоција на Центарот и извршување други сродни задачи од неговата надлежност;