На 19 ноември 2025 година од 11:00 часот се одржа првата средба со алумни со наслов „Од амфитеатар до професија“, на тема „Издаваштво“, во организација на Центарот за кариера и поддршка на алумни при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Во разговорот што го водеше доц. д-р Ведран Диздаревиќ, алумните Катерина Шекутовска од издавачката куќа „Илика“ и Филип Димевски од издавачката куќа „Бегемот“ го споделија своето професионално искуство и ги претставија предностите и предизвиците на професијата издавач. Нивните излагања беа наменети да ги мотивираат сегашните и идните студенти при изборот на професионална ориентација.
Посебна благодарност беше упатена до гостите средношколци од СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје.


















