Конференции

Меѓународен научен собир „Филологијата денес – предизвици и перспективи“

По повод одбележувањето на двата значајни јубилеи, 80 години од основањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со Решение од Владата на НР Македонија во 1946 година и 80 години од првите предавања, одржани на 16 декември 1946 година, чест ни е да ве поканиме на Меѓународниот научен собир „Филологијата денес – предизвици и перспективи“, кој ќе се одржи на 18 декември 2026 година.

Свои излагања ќе имаат над 70 учесници од Македонија и од странство. Работните јазици на конференцијата се македонскиот, англискиот, францускиот и сите словенски јазици. По пленарната сесија, конференцијата ќе се одвива во неколку паралелни тематски блокови.

Тематски фокус

Темата на собирот се однесува на моменталните состојби во филологијата, но и на нејзините перспективи како дисциплина, која денес се соочува со низа прашања и предизвици. Тие првенствено се однесуваат на местото и на интересот за филолошките студии во локални и во светски рамки, особено во однос на подемот на вештачката интелигенција. Во т.н. ера на човекот, обележена со експлозија од информации, технолошки развој и проширување на научните сознанија меѓу различните дисциплини, а со тоа и појава на нови научни дисциплини, научиот собир ќе се обиде да ги маркира промените во човековото влијание врз научното спознание и начинот како се манифестира тоа во процесот на општествената размена. Оваа ера се карактеризира со присуството на човекот како фактор на климатските промени и на промените во животната средина, а филологијата како наука ги следи модусите на репрезентација во различните сфери на споделеното човеково искуство. Предвидените теми на конференцијата ќе се однесуваат на традиционалните методи во филолошките истражувања, како и на актуелноста, односно на современите теориски, интердисциплинарни и други видови перспективи.

  • Филологијата како античка дисциплина (историја, теорија, практика) и нејзината врска со актуелните состојби.
  • Современата филологија како актуализација на традиционалните методи, но и како предводник на нови методолошки потфати.
  • Дигитална филологија.
  • Филолошките проучувања на јазикот и нивното современо преосмислување.
  • Филолошките проучувања на литературата како можност за воспоставување нови парадигми и методи на проучување на литературните дела.
  • Преводот како практика/инструмент во епохата на човекот и неговата актуализација преку употребата на технологијата.
  • Јазичното, литературното и културното наследство во дигиталната епоха, како ревизија на претходните општествени и културни норми.
  • Компаративна/контрастивна филологија – словенските јазици, литератури и култури во интер-/интрасемиотички, пансловенски, но и во европски и во светски контекст.
  • Рецепцијата на јазикот, литературата и културата во сопствената средина, но и пошироко, како трансфер на вредности и погледи на светот.
  • Проблемот на наставата по странски јазик, литература и култура и предизвиците со кои се соочува во дигиталната ера.
  • Филологијата и нејзината перспектива во традиционалниот и во современиот образовен контекст.
  • Филологијата во современото живеење, филологијата и политичките/општествените промени.

Програма

За кратко ќе биде прикачена програма.

Книга на апстракти

За кратко ќе биде прикачена книгата на апстракти.

Научен одбор

  • проф. д-р Анико Адам, Католички универзитет „Петер Пазмани“ во Будимпешта
  • проф. д-р Октај Ахмед, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Ноа Бубенхофер, Универзитет во Цирих
  • проф. д-р Катерина Велјановска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Јасминка Делова-Силјанова, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Маќеј Кавка, Јагелонски универзитет во Краков
  • проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Јованка Лазаревска-Станчевска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • лектор Јошио Ојама
  • проф. д-р Јулиан Ренч, Универзитет „Јоханес Гутенберг“ во Мајнц
  • проф. д-р Силвана Симоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Намита Субиото, Универзитет во Љубљана
  • проф. д-р Ирина Талевска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Бранко Тошовиќ, Универзитет „Карл–Франц“ во Грац
  • проф. д-р Мируше Хоџа, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Владимир Цветкоски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • акад. д-р Алла Шешкен, Руска академија на науките и Московскиот државен универзитет „Ломоносов“
  • проф. д-р Лоренцо Ковери, Универзитет во Џенова

Почесен одбор

  • проф. д-р Ариф Аго, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Ранка Грчева, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Марија Јанева-Михајловска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Максим Каранфиловски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Радица Никодиновска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Звонко Никодиновски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Димитар Пандев, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Томислав Тодоровски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • проф. д-р Влада Урошевиќ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Организациски одбор

  • проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, претседател
  • проф. д-р Ирина Бабамова
  • проф. д-р Маријана Ѓорѓиева
  • проф. д-р Осман Емин
  • проф. д-р Руска Ивановска-Наскова
  • проф. д-р Исмет Османи
  • проф. д-р Бојан Петревски
  • проф. д-р Елизабета Шелева
  • доц. д-р Игор Поповски, секретар
  • д-р Михаил Атанасов Раду, виш лектор, секретар